петак, 15. септембар 2017.

Гумени Куршуми


Читам деноиве дека МВР ги исфрла од употреба Гумените Куршуми шо ги ги изгласа прошлиот парламент у март 2015 година. Мада ја стварно не знам што паничевме толку кога го носеа законот за нивна употреба кога тие и така никад немаше да бидат употребени пошто никад и не штрајкуваме, нели. Али пак од друга страна баш па ради тоа што нема да бидат употребени тоа беше уште едно непотребно трошење на буџетски пари за набавка на тие куршуми. Да купуваш нешто што нема да се употребљава е лош деловен потез и то у време на криза, боље ќе беше парите да се искористеа за нешто друго.

Тоа ти доаѓа исто како да купиш Телевизор а нема да го користиш. За шо си го купил, за украс ли? Ако можеш да си дозволиш - купи па нека е и за украс, али ако не можеш тоа ќе биде непотребно оптеретување за домашниот буџелар кој ионака е у дефицит. А и за нашиот државен буџелар не може баш да се рече дека е нешто поарен. (Зависи за кого)

Кај нас и онака има доста реквизити за разбијање на Демонстрации, а една од тие реквизити е - Заушката. И не кошта ништо. Ја поседува секој Чувар на Јавниот Ред и Мир. И плус не е опасна по живот. Искачаме на Демонстрации, ни врзуваат неколку Заушки и си идеме дома. Додуше ќе не чеша Тиквата некое време, али то е све. Ќе помине брзо.

Потоа Клоцата у Гз, проверено средство за бркање демонстранти. Безопасна по човековото здравје. Сеа Газот не би се сложил баш со оваа констатација, али нема везе. Битно е тоа дека раните здобиени од овој реквизит за разбивање демонстрации исто така зараснуваат брзо. Следниот ден као да не било ништо, максимум два. Сеа ако некој џандар те трефне со цокула директно у чмар раната ќе зараснува малце поише од ден-два, али нишо страшно и тоа поминува. Понекад се дешава на Газот да остане отисок од Чизма извесен период али нема гајле, време лечи све.

И конечно Пендрек по Леџа, најнеомиленото нешто кај Демонстрантите. Ако те поткачат со овој реквизит нема да се осеќаш баш лагодно. Има да тераш у пиздуматерину и демонстрации и загарантирано право за истите и демократија и све. Башка малце и потпечуе, поготово ако го попиеш летен период. Затоа демонстрантите преферираат демонстрациите да се одржуваат зиме бидејќи Пендрекот у Леџа лакше се поднесуе јер јакна, капут, џемпер, шињел... Раните здобиени од овој реквизит зараснуваат за пе-шес дена. А ако се мачкаш почесто со Кисело Млеко можда и брже.


Некој сеа ќе рече - шо се буните па нели сакаме у Европа, тамо има такви работи. Абе можда тамо има, али како све прво преземаме од Европа она што не чини. А да ги преземевме платите од тамо прво. Еве мене платата ако ми биде 1500 Евра, давам Часна Титова Пионерска реч дека ја прв ќе донирам од таа плата за тие Гумени Куршуми. Ич нема да се мислам. Само Државата да не се троши. Али со толкави плати кој е луд па да демонстрира. Ние не демонстрираме со 200 Евра, а камоли со 1500.

Башка у Европа на таквите демонстрации искачаат по иљадници и иљадници народ и можда стварно понекад се дешава истите да бидат насилни, па овие Гумениве се стварно потребни, ебемлига. Али кај нас купување на такви Гумени заебанции се коси со здрав разум.

А кај нас на Демонстрации искочат двајца без тројца, по некој залутан, некои што ги излажале дека ќе се дели нешто гага како Маички, Капчиња и слични глупости, а некои пак што се збуниле пошто мислеле дека е Контра - Протест.

Потоа редовните неизлечиви сеирџии, пензионери што мислеле дека е у тек некаква Културна Манифестација, али ко ќе сфатат дека место Играорци тука може да игра само Ќутекот одма напуштаат терен и фаќаат фитиљ.

И у најмал број оние што стварно веруваат у она за што Демонстрираат. Помирни демонстрации здравје. Секоја Држава би посакала вакви Демонстранти за пример.

И за крај - ако сме издржале 25 Години без Гумени Куршуми ќе издржиме и понатака без нив и слични глупости. Ниту требале ниту ќе притребаат. Нека се штеди малце. Кога треба да се помогне за нешто пари нема, а кога треба да се фрлат за глупости е тогаш одма се наоѓаат. Да се држиме до стандарните методи за разбијање демонстрации, најекономични се башка и најбезбедни.