Проверен човек (Земјоделски субвенции)

- Зато што толку многу се секираме за земјоделците и за нивните субвенции зато ќе јадеме најсрање земјоделски производи у свет. Оваа нервозна мисла увек ми доаѓа у афект после купена лубеница, диња или праска свеедно.


Овa лето ситуацијата е мислам најкатострофална. Купи лубеница зелена, купи лубеница презреана. Со дињите иста ситуација. Без вкус, без мирис, без ништо. Поише фрлам него што јадам. Само досеа имам фрлено над 10 лубеници и дињи. Ако продужам вака ќе барам и ја субвенции за секоја фрлена лубеница или диња. Или ќе блокирам некоја улица и демонстративно ќе ги фрлам лубениците у знак на револт. Баш како што прават они ко ќе бараат пари за субвенции.

Па на тоа ако додадам дека имам заџиткарено и по некоја праска, субвенцијата ми е преко потребна. Оние увозните производи што веќе традиционално ги заџиткаруем низ прозор како што се помаранџи и лимуни не ги рачунам. Тие се странско срање и ептен ми е јасно дека  ѓубрето од цел свет се носи кај нас у Македонија и тука сме немоќни. Место да го фрлаат го носат тука. И ние им доаѓаме нешто као кец на десетка.

Хефеее, што да правам со ова бананиве, го прашува газдата некој работник у некоја Јужно Америчка компанија за узгајање и извоз на банани. Не чинат, да ги фрлиме? - Ти си локо, ооо ихо де пута, му вика газдата. Пакувај ги и правац Македонија, тие мајмуни све јадат, компрендес амиго. - Си Хефе. Највероватно вака се одвија муабетот кога треба нешто да се извезува кај нас. Се сеќавате ли пред некоја година кога изби аферата со бананите увезени од не знам каде беше. Дали све се уништија или нешто заврши и у продажба, кујзнае. Мада ја долго после тоа начекував од истите банани по маркетите. Али то е више друг муабет. Додуше не може и ефтино и квалитетно да биде.

Него мене ми е криво што нашиве домашни производи се катастрофа тоест срање. Налет више и лубеници и све кога секое купување е со страв. Проблемите у земјоделството не се решаваат само со тоа  дали ќе се исплатат субвенциите или не. Фукни ги парите и завршена работа. Не бе брат, субвенции нека има ама нека има и квалетени производи.

Доста се потресуваме за субвенциите. Дај малце нека се врши и некаква контрола и за тоа какви земјоделски производи конзумираме. Со каква вода се полеваат на пример тие земјоделски производи? Од кај знаеме ние дали тоа што го купуваме не е наводнувано со фекалии од некаква загадена река. И тој производ директно иде на пазар и после на наша трпеза.

Башка потребна е поголема контрола и по пазарите. Треба да видиме кој све продава земјоделски производи и од каде. Се палиме кога некој пазарџија ќе ни рече дека розевиот домат е домашен, а на прашањето од каде е добиваме одговор дека е од од чистите недопрени делови на природата тоест негде од Пичкоец. Нормално му веруваме на жими мајка и купуваме. Со тек на време пазарџијата добива титула „Проверен човек“.

Значи да резимираме, ко ќе дојде ден да купуваме лубеници или било што друго без страв, кога лубеницата ќе се погоди од прва, втора или трета, тогаш ќе можеме да кажеме дека субвенциите се заслужни и сите ќе се солидализираме со земјоделците. Ја користам оваа прилика да пофалам еден пазарџија кој мислам дека лубениците што ги продава се од Скопска Ц. Гора. Е кај него секоја лубеница шо сум ја купил се погодила, а башка користи чиста вода за полевање. Ова на жими мајка али барем лубениците му се топ. Е тоа се вика „Проверен човек“.